Околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими пренесени во Атина

Од:

Со брод на воената морнарица на Грција околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими доцна синоќа пристигнаа на атинското пристаниште Пиреа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

На малиот грчки остров не постои организиран бегалски камп или прифатен центар, па така според истите информации, бегалците и мигрантите кои пристигале од турското крајбрежје престојувале пред полициската станица и крајбрежната служба, како и на улиците на Сими.

Според официјалните податоци од грчката Влада, во текот на викендот, односно во саботата и неделата, на островот Сими пристигнале 142 лица.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос