Северна Кореја ја исклучи „жешката“ телефонска линија со Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја ја исклучи директната телефонска линија за вонредна врска со Јужна Кореја пред денеска почнатите големи заеднички воени вежби на Југот и САД, пренесоа светските агенции.

Северна Кореја претходно се закани дека денеска ќе ја прекине „жешката“ телефонска врска, воспоставена преку Црвениот крст, ако Сеул и Вашингтон не се откажат од спроведување на заедничките годишни маневри.

Претставник на јужнокорејската влада соопшти дека линијата денеска била тестирана, како впрочем и секој ден, и немало одговор од севернокорејска страна.

Напрегнатоста на Корејскиот полуостров се зголеми откако Северна Кореја на 12 февруари ја изврши својата трета нуклеарна проба, а како одговор минатата недела од Советот за безбедност на ОН доби нови санкции.

Северна Кореја еднострано ја раскина спогодбата за примирје, со која заврши Корејската војна во 1953 година, и излезе од договорите за ненапаѓање.

Изолираната комунистичка држава ги обвини САД дека маневрите во Јужна Кореја ќе ги искористат за подготовка за нуклеарна војна.

Северна Кореја се закани дека ќе изврши нуклеарен напад врз САД, но аналатичарите ја отфрлија оваа закана како риторичка, бидејќи се смета дека таа не е способна да ја произведе неопходната нуклеарна боева глава, која треба да биде поставена на ракета со голем дострел.

Ако Северот воопшто преземе нешто, сметаат повеќето воени експерти, тоа поверојатно е да биде напад преку спорната поморска граница со Југот, а не да ризикува војна со него и САД, која ќе ја загуби.

Во денеска почнатите годишни американско-јужнокорејски воени маневри учествуваат 10.000 јужнокорејски и 3.500 американски војници. Целта на маневрите „Клучна одлучност“, кои ќе траат до 30 април, е да се зголемат оперативно-борбените можности на сојузничките војски за одбивање на заканите од страна на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња