ВМРО-ДПМНЕ: Целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници

Од:

Роберт Алаѓозовски е очаен во обидoт да се минимизира значењето на протестот на вработените во културата, влат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на пресот на претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, кој кажа дека подготвен е нацрт на колективниот договор за вработените во културата.

Според опозициската партија, целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници.

„Нивелирањето не ги решава проблемите со платите на културата туку е само шминка за да се покрие отсуството на квалитетни политики и искрени заложби да се реши овој проблем. Нивелирањето на платите не е извршено на ниво на сите дејности во културата, туку единствено во рамките на една дејност што значи дека постојат разлики помеѓу примањата на вработените од една во друга дејност. Голем број вработени во културата го изразија своето незадоволство во Министерството за култура затоа што оваа нивелација овозможи дискрапанца во покачувањата, еден вработен доби 5% покачување, друг дури 30%“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат Алаѓозовски дека колективен договор ветува веќе три години.

„Јавно ве повикуваме, доколку воопшто постои нацрт текст на Колективниот договор јавно да го објавите, на увид на сите културни работници“, истакнуваат од опозициската партија и додаваат дека културните дејци заслужуваат да бидат слушнати и соодветно да се одговори на нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски