За четири часа во Тетово и Гостивар откриени 21 возач под дејство на алкохол

Од:

На подрачјето на СВР Тетово во текот на ноќта, од 22:00 до 04:00 часот, е спроведена акциска контрола за утврдување дали возачите управуваат возила под дејство на алкохол.

На тетовското подрачје контролирани се 85 возила при што е утврдено дека 13 лица возеле под дејство на алкохол. Во Гостиварско имало 72 контроли, а кај и 8 лица кај кои тестот покажал дека пиеле алкохолни пијалоци.

„На сите 21 лице им се одземени возачките дозволи и биле исклучени од сообраќај. Истите лица ќе се соочат со мандатни платни налози. Во зависност од степенот на присуство на алкохол во крвта предвидени се казни од 250 до 400 евра, како и времена мерка за одземање на возачката дозвола од 3 месеци до најмногу една година“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во контролите откриени се и уште вкупно 26 друг вид на прекршоци на двете подрачја.

Само во Тетовско, во септември 61 лице добило казни и одземање на возачка дозвола поради управување возила под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Горан Наумовски

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Малолетник од Гостивар осомничен за силување на својата помала сестра

Горан Наумовски

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот