Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска промовираше шест бисти на истакнати личности од македонската историја, кои се поставени во Градскиот Парк.
Станува збор за бисти на истакнати личности од македонската историја, и тоа на Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рачин, Коле Неделковски, Крсте Петков Мисирков и Никола Вапцаров. Бисти од овие личности постоеле и во минатото, но истите се уништени и однесени во средината на 90-тите години од минатиот век, инфомираат од Град Скопје.
Како што ветивме пред неколку месеци, бистите на овие дејци се повторно поставени во Градскиот парк. Апелирам до жителите на Скопје да ги чуваат овие бисти бидејќи истите се значајно обележје на градот Скопје и Градскиот парк. Во насока на нивно зачувување и заштита, поголем степен на заштита ќе посветат и од јавното претпријатие “Паркови и зеленило” – кажа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Фото: Сител