Искусниот голман на Барселона, Хозе Мануел Пинто стана најстар фудбалер кој настапил за каталонскиот тим во еден првенствен натпревар.
Пинто вечерва беше на голот на местото на Виктор Валдес во победата на Барселона од 2:0 против екипата на Депортиво.
Со 37 години и 121 ден го надмина Хуан Рамон Алексан кој во сезоната 1992/93 игрше натпревар со 37 години и 32 дена.
Пинто ги брани натпреварите од Купот на Кралот, но и првенствените натпревари доколку се повреди Валдез, кога му е потребен одмор или кога отсуствува поради црвен картон, како што вечерва беше случај. Валдес се подготвува за натпреварот против Милан, па Пинто доби можност да го одигра првиот натпревар во Примера оваа сезона.