Британија го испрати својот предлог за Брегзит до лидерите на ЕУ

Од:

Велика Британија го испрати својот предлог за Брегзит до лидерите на Европската унија, а премиерот Борис Џонсон повика на брзи преговори за постигнување решение.

Предлогот се фокусира на одржување на отворената граница помеѓу Северна Ирска и земји-членки на ЕУ, клучна точка во договорот за Брегзит.

Џонсон во писмото до претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер напиша дека Велика Британија предлага да го стори тоа со приближување на Северна Ирска со правилата на ЕУ за трговија со стоки, евентуално за подолг период.

Тој истакнува дека неуспехот да се постигне договор ќе биде неуспех за кој ќе бидат одговорни сите.

Велика Британија предложи создавање регулаторна зона на ирскиот остров што ќе ги покрие сите стоки и обврската да се избегнат гранични проверки.

Пред крајот на преодниот рок по Брегзит, декември 2020 година, Собранието на Северна Ирска и извршната власт треба да се согласат на тој аранжман, како и на секои четири години потоа, се вели во документот.

Северна Ирска ќе остане дел од царинската територија на Велика Британија, но за да се избегнат царинските проверки, ќе се воведе декларативен систем со поедноставен процес за малите трговци. Таквиот предлог за договор треба да биде прифатлив за обете страни, се заклучува во документот.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина