Засега нема спас од депонијата „Буково“, Петровска вели: „Не е лето, нема да гори“

Од:

До февруари Владата треба да обезбеди локација за нова депонија и да се затвори постојната „Буково“, која се наоѓа на дваесетина километри од Охрид. Ана Петровска од Министерството за животна средина вели дека ќе се бара поддршка од Европската банка за развој, а потоа ќе се вклучи и приватна фирма бидејќи државата доволно средства за купување камиони и потребна механизација. УНЕСКО побара депонијата „Буково“ да се затвори до крајот на 2020 година.

Петровска потенцира дека засега не може ништо да се преземе во однос на депонијата, освен да се затрупува отпадот, иако сметот е расфрлан сè до регионалниот пат. Таа вели: „Не е лето и сега депонијата нема да гори“.

Локацијата за изградба на нова депонија може да биде и во Битола бидејќи станува збор за регионална. Новаци е една од можните локации бидејќи засега предвидено е таму да се исфрла сметот од Пелагонискиот Регион.

Депонијата „Буково“, каде што се исфрла сметот од Охридскиот Регион, секоја година се пали по што се шири чад и неподнослив мирис.

Задолжена за одржување на депонијата беше фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, според договорот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од општинското претпријатие „Охридски комуналец“.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид