Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун ги посети војниците и нивните семејства во касарната на островот Џанг Џе, во близина со границата на Јужна Кореја.
На снимките кои ги емитуваше севернокорејската државна телевизија, може да се види како војниците во еуфорија скокаат по нивниот лидер, па дури и кога заминува од осторовот влегуваат во вода по него.
Северна Кореја објави дека се откажува од спогодбата за примирје со Јужна Кореја, откако Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно донесе одлука за воведување нови санкции.