Кувајт денеска соопшти дека го подигна нивото на безбедност во своите пристаништа со оглед на регионалните тензии по нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија.
Кувајтската државна новинска агенција КУНА објави дека најавата за подигање на безбедноста во пристаништата го најави министерот за трговија и индустрија Калед ал Роудхан.
Тој нагласи дека безбедносното ниво е подигнато во комерцијалните пристаништа и на нафтените постројки.
Кувајт е мала држава богата со нафта, која го зголеми нивото на подготвеност на армијата веднаш по нападите во Саудиска Арабија на 14 септември.