Мицевски: Ребалансот на Буџетот ја покажува неефикасноста на институциите

Од:

Денес на Комисијата за финансирање и буџет ни беше презентиран Ребалансот на буџетот на Република Македонија за 2019 година очигледно направен од човекот кој што толку многу сакаше да биде министер за финансии Зоран Заев, а ни го образложи министерката за финансии Нина Ангеловска која што стапи на функција неколку дена, пред овој ребаланс да биде усвоен на седница на Влада, рече Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Според тоа денес министерката Ангеловска ни образложуваше ребаланс во кој што не учествувала во неговите креирање туку имаше улога на портпарол на Зоран Заев.

Имено, Ребалансот на буџетот на Република Македонија за 2019 година ја покажува неефикасноста на институциите водени од Владата предводена од Заев и СДСМ.

Кратењето на средства за капитални инвестиции очигледно е главната одлика на владеењето на СДСМ. Па така, со овој ребаланс се кратат 53 милиони евра за капитални инвестиции поради неспособноста и неефикасноста истите да се реализираат.

Ова е доказ дека власта нема капацитет да ги води инвестициите и да инвестира средства во капитални проекти како што се градинки, болници, студентски домови, железница, водоснабдување и други проекти туку парите ги распределува во популистички мерки кои имаат за цел да манипулираат со гласачкото тело во предизборна година.

Како главна потврда на неспособноста и неефикасноста на институциите предводени од оваа Влада е реализацијата на капиталните инвестиции кои што заклучно со август 2019 година се едвај 28,2% од планираните.

Од процентот на прибрани средства во буџетот по основ на даноци можеме да заклучиме дека разликата е доказ дека сивата економија е длабоко вкоренета. По само 8 месеци од однесувањето на Буџетот за 2019 година потфрлањето изнесува 166 милиони евра што до крајот на годината со ова темпо може да изнесува 250 милиони евра. Ова повторно е потврда за неефикасноста и неспособноста на институциите предводени од СДСМ.

Со Ребалансот веќе трета година по ред Владата крати средства од Министерството за образование и наука. Оваа година средствата за инвестиции во образованието се скратени за 218 милиони денари. Овие средства се скратени од изградба на основни и средни училишта, реконструкција на средни училишта, реконструкција на ученички домови и најголемото кратење изградба и реконструкција на студентски домови. Неинвестирањето во образованието дополнително носи пад на продуктивноста на македонската економија.

Падот на продуктивноста во економијата во првиот квартал од 2019 година е 13% во однос на четвртиот квартал од 2018 година, што значи дека додадената вредност од работниците се намалува.

Загрижувачки е трендот на опаѓање на најбрзо растечката индустрија односно информации и комуникации. Имено, овој сектор бележи опаѓање од првиот квартал на 2018-та наваму и тоа: 10% пад во прв квартал 2018 година, 3% во втор квартал 2018 година, 2% во трет квартал 2018 година, 13% во четврти квартал 2018 година, скоро 1% пад во прв квартал од 2019 година и 4,6% во вториот квартал. Низ годините овој сектор растел со 4,8% во 2013 година, 3,4% во 2014 година, 13,4% во 2015 година, 7,2% во 2016 година и 13,9% во 2017 година.

За жал неспособноста и неефикасноста на Владата на Зоран Заев се одразува врз привлекувањето на странски директни инвестиции па така во првата половина од 2019 година се 55,63 милини евра што претставува најнизок износ во последната деценија.

На крај можеме да заклучиме за жал и од овој ребаланс дека економската година што ја најавуваше Зоран Заев е една голема лага и дека проектите кои што им беа ветувани на граѓаните пред избори не се способни и немаат капацитет да ги реализираат. Исто така СДСМ по кој пат досега покажа дека интересите и секојдневните проблеми на граѓаните не се нивен приоритет.“, наведе Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година