Малите и средните претријатија од Полошкиот регион да аплицираат за субвенционирање со цел да добијат филтри за оџаците од системите за затоплување, апелира заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од Тетово каде беше во посета на фабриката за мебел „Њу дизајн“.
Фирмите имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството во рамки на имплементација на планот за чист воздух.
– Повикот е во рамки на имплементација на планот за чист воздух откако мината година на предлог на граѓанската организција Еко Герила дојде до иницијатива за поставување филтри на мали и средни претријатрија кои дел од отпадот го користат за затоплување. Исто времено дадовме 5,2 милиона денари за општина Тетово за објект каде треба да биде заменето затоплувањето. Средствата се префрлени и очекуваме да избереат некој јавен објект. Целта е што помалку објекти да загадуваат. Има и други ииницијативи сите јавни институции да не загадуваат и да го заменат мазутот со друг начин на затоплување. Веруваме дека процесот полесно ќе тече и со гасисификација, рече Макрадули.
Во проектот е предвено да бидат опфатени 30 фирми според одредени критериуми, а вредноста на субвенциите е 2,5 милиони денари.
-Со ова се бориме со самиот извор на загадување. Задоволни сме што Владата одлучи да ги субвенционира фирмите, а ние како организација ќе бидеме од техничка помош околу документацијата. Би сакале да биде продолжен рокот зашто фирмите се уште не разбрале, истакна Аријанит Џафери од Еко Герила.