Малта се согласи да прифати 90 мигранти спасени од италијанската крајбрежна стража

Од:

Малта се согласи да прифати 90 мигранти спасени од италијанската крајбрежна стража со што е решен спорот со новата италијанска Влада, а во водите на Либија хуманитарниот брод Океан Викинг вчера спасил вкупно 109 мигранти.

Италијанската крајбрежна стража претходно соопшти дека спасила мигранти од брод што тонел во либиските води, по дојава од Центарот за координација за спасување на Малта, но Матла првично одби да го испрати нивниот брод за прифаќање на мигрантите.

Малта прво инсистираше мигрантите да бидат однесени во најблиското безбедно пристаниште, во случајов на островот Лампедуза.

Инцидентот се случи во пресрет на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ кој ќе се одржи следната недела на Малта, на кој ќе се разговара за новиот механизам за распределба на мигранти.

Во меѓувреме, хуманитарниот брод „Океан Викинг“, управуван од СОС Медитеран и Доктори без граници, на Твитер објави дека спасил 48 мигранти од дрвен брод крај либискиот брег.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on