Пецас: Не може да има раздвојување на европскиот процес на Северна Македонија и Албанија

Од:

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека не може да има раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување, рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија од Албанија”.

За обвинувањата до актуелната влада за хипокризија и дволичност во однос на Договорот од Преспа, упатени минатиот викенд од поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас од Меѓународниот саем во Солун, Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, ги повтори владините ставови.

– Нашата позиција останува иста. Потсетувам, како што многу пати кажаме дека направивме сѐ, прво да не се потпише, а потоа да не се ратификува овој договор. Од моментот кога се ратификуваше, рековме дека не може еднострано да се поништи. И што правиме? Со сите сили што ги имаме, на средбите на меѓународно ниво се обидуваме да ги ублажиме негативните последици. Многу пати имаме кажано за кампањата за македонските производи и имаме кажано дека нема да се отвора и нема да се затвора ниедно поглавје во преговорите со Европската унија ако не се задоволени грчките интереси, рече портпаролот на грчката владa.

На прашањето дали се точни информациите дека „постојат проблеми во почитувањето на договорот од другатa страна”, Пецас рече дека „не може ниту да потврди, ниту да демантира” и дека ќе има соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција.

Грчкиот премиер во недела попладне заминува за Њујорк каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, а портпаролот на владата во однос на можна средба на Кирјакос Мицотакис со Зоран Заев рече дека програмата на средби ќе биде објавена в петок.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески