Меси ја оцени како тешка групата на Барселона во Лигата на шампионите

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси пред натпреварот од првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, смета дека Каталонците имаат тешка група оваа сезона.

– Секоја година во Лигата на шампионите има рамномерен биланс на моќ, иако понекогаш е потешко да се победи. Во принцип, силите на турнирот се распределуваат подеднакво. Само најдобрите го минуваат својот пат, што го прави овој турнир посебен. Ја добивме Борусија Дортмунд со која никогаш не игравме за време на мојот престој во клубот. Го видов стадионот на Дортмунд и секогаш го сакав заради навивачите и идентитетот на клубот. Го добивме и Интер. Пред една година игравме со него на патот, но тој натпревар го пропуштив поради повреда. Групата е комплексна, но тоа ја прави поинтересна нашата задача, изјави Меси.

Барселона вечерва од 21 часот и гостува на Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза во новата сезона на елитното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска