Турчинот Џунет Чакир високо оценет од Колина

Од:

Турскиот судија кој го судеше реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид доби релативно висока оценка за делењето на правдата на тој дуел. Чакир доби оцена 8 (највисока е 10) од Пјерлуиџи Колина претставник на УЕФА и еден од најдобрите фудбалски судии во светот на сите времиња.

Турчинот во второто полувреме од натпреварот на „Олд Трафорд“ го ислкучи домашниот фудбалер Нани, одлука што предизвика бурни реакции кај фановите на Манчетсер.

По прегледувањето на снимката Чакир останува на ставот дека правилно одлучил.

– Останувам на ставот дека правилно доделив црвен картон. Немам проблем со тоа и немам зошто да бидам загрижен. Кога ќе се оладат страстите и навивачите на Манчестер, а и сите кои мислеа дека сум погрешил ќе сфатат дека бев во право, истакна турскиот судија.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска