Тренерот на Челзи Рафаел Бенитез „виновници“ за синоќешниот пораз од Стеауа во Романија види во лошиот терен и лошата атмосфера на стадионот во Букурешт.
– Загубивме натпревар кој беше тежок да се одигра на потребното ниво поради неквалитетниот терен и лошата атмосфера. Домаќините голот го постигнаа од престрого досуден пенал, изјави Бенитез.
Тој е разочаран што Челзи не постигна гол и очекува тешка средба за конечна победа во Лондон на „Стемфорд Бриџ“.
Дуелот од осминафиналето во Лига Европа, Стеауа – Челзи заврши со победа од 1:0 за романскиот претставник.