Советот на јавни обвинители уште вечерва ќе и ја запечати кариерата на Јанева

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, експресно ја потпиша одлуката за разрешување на Катица Јанева, која пратениците ја донесоа со 102 гласа „ЗА“ и ниту еден против.

Одлуката веднаш е испратена до Советот на јавни обвинители, кој според информации на А1он вечерва ќе се состане да ја донесе конечната одлука. На седницата, најверојатно ќе се расправа и за обвинителите од СЈО, на кои со разрешувањето на Јанева им престанува и мандатот во СЈО.

Според Законот со кое беше формирано обвинителството тие треба, од Советот да бидат распределени во матичните обвинителства. Јавниот обвинител Љубомир Јовески, вчера изјави, дека не е исклучена можноста, вака распределените обвинители, да ги овласти да постапуваат по предметите кои и до сега ги воделе. Ова е заради опасноста, со назначување нови обвинители, постапката да се одолговлечи, а некои предмети и да застарат.

Би можело да ве интересира

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on