Сите закажани рочишта за денеска по предметите кои ги води Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“ беа одложени поради префрлување на предметите од СЈО до Републичкото јавно обвинителство.
Како што кажа обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, најверојатно одложување кај сите предмети ќе има во наредните неколку рочишта, додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.
Уште лебди во воздух прашањето дали актуелните обвинители ќе продолжат да ги водат случаите или Јавното обвинителство ќе назначи нови обвинители, а оние од СЈО ќе бидат вратени во матичните обвинителства.