А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонското лекарско друштво ги осуди нападите врз доктори

by А1он12/09/2019 - 20:50707
Share0

Македонското лекарско друштво (МЛД) најостро ги осудува настаните кои изминативе денови се случија во здравствените установи во Тетово, Струга и последниот, денешен во ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести “ Св. Климент Охридски” – Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ваквите немили и за жал, зачестени инциденти во нашите здравствени установи, ја искривуваат реалната слика за макотрпното работење и давање на медицинска помош и секаков вид на здравствени услуги од страна на лекарите и другиот здравствен персонал кои работат во овој сектор на нашата држава, велат од МЛД преку соопштение.

Поради превенција од вакви настани, како што велат МЛД ги наведува општествените фактори кои придонесуваат за ваквото однесување на тие кои што дошле да побараат медицинска помош од здравствениот персонал, како што се употреба на алкохол и наркотици, антисоцијално однесување, како и високата стапка на семејно насилство, што не било далеку од реалноста и во овој случај.

Но, исто така, како и во вчерашниот случај во ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести “ Св. Климент Охридски” – Скопје, МЛД ги посочува како важни и факторите кои се поврзани со личноста и однесувањето на пациентите/клиентите, нивните роднини и посетители на здравствени установи. Карактеристиките на личностите и нестабилното/ несовесно однесување, во конкретниов случај, како на лицето кое го предизвикало овој немил настан се ниската култура и воспитување, тенденцијата да бидат агресивни, непријателското расположение, пренесувањето на проблемите од дома, но најверојатно и зависноста од дрога и алкохол во споменатиов случај.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според трудовото законодавство во Македонија, безбедни услови на трудот се неприкосновено право на работниците и одговорноста на работодавачот е да ги обезбеди. Проблемите со насилството на работното место во оваа фаза можат да бидат дел од нив.

МЛД предлага да се ревидира Програмата за здравје и безбедност при работа како и посебна фаза за развој на специфични програми за борба против насилството на работното место, посебно нагласувајќи го Законот и правата за заштита на здравствениот персонал.

МЛД нагласува дека во рамките на оваа програма, треба да се обврне внимание на забрана на насилство на работното место, како и евалуација на работата во однос на ризикот од насилство, обезбедување на безбедносни мерки и технички средства, како и надградена административна контрола.

Македонското лекарско друштво ги замолува Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство колку што е можно повеќе да ангажираат лица за обезбедување и припадници на МВР на најфекфентните амбулантски пунктови, особено оние кои работат и навечер и ургентни центри, со што би се обезбедила сигурност на лекарите и медицинскиот персонал при обавување на нивната работа.

doktorilekarimakedonsko lekarsko drustvozdravstvo

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Горан Наумовски02/05/2026 - 11:48

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:41

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 14:47

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Горан Наумовски17/04/2026 - 16:49

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто