Еритреја годинава е повторно најцензурирана земја во светот, а по неа на листата на земји каде цензурата е најсилна се Северна Кореја и Туркменистан, стои во најновото истражување на Комитет за заштита на новинари.
Според истражувањето објавено синоќа, на листата на топ десет најцензурирани земји во светот, покрај овие три, годинава се и Саудиска Арабија, Кина, Виетнам, Иран, Екваторска Гвинеја, Белорусија и Куба.
Комитет за заштита на новинари е организација за заштита на новинарите и новинарската дејност со седиште во Њујорк.