Бугарското радио забрани емитување на интервју со руската амбасадорка

Од:

Програмскиот совет на Бугарското национално радио (БНР) забрани емитување на интервју со руската амбасадорка во оваа земја, Елеонора Митрофанова.

Ова денеска го соопшти руската амбасада на каналот Телеграм.

„Програмскиот совет на Бугарското национално радио, по вонредниот состанок на 16 декември годинава, забрани емитување на интервју со амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрфанова, во денешната емисија Политички некоректно“, се вели во соопштението на Руската амбасада во Софија, пренесува РИА Новости.

Руската амбасада истакна дека оваа одлука на БНР предизвикува „само конфузија и разочарување“.

„Убедени сме дека поголемата цензура поттикнува поголема потреба од алтернативно мислење и вистина за она што се случува во Русија и во светот“, се заклучува во соопштението на руската амбасада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници