„АЈДЕ!”: СТОП за цензурата! Не ги даваме бомбите!

Од:

„Ние членовите на АЈДЕ! – платформата за граѓанска политика, ги повикуваме сите слободоумни граѓани да ни се придружат на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија, против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали, предложен од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој предлог-закон е неуставен и мора да биде повлечен, затоа што, членот 16 од Уставот на Република Македонија ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на изразување.

Ние, граѓаните имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко- фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници.

Затоа, АЈДЕ бара законот да биде целосно повлечен“, се вели во соопштението на АЈДЕ!.

Протестот ќе се одржи денеска пред Собранието на Република Македонија, во 18 часот, дури и ако законот биде повлечен од собраниска процедура!

Стоп за цензурата!

Не ги даваме бомбите!

Не ја даваме вистината!

Стоп за фашистички закони!

Нема да ви помине!

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Бугарското радио забрани емитување на интервју со руската амбасадорка

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Горан Наумовски