Самостојниот синдикат за здравство ги осудува нападите врз докторите

Од:

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска преку соопштение ги осуди нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

– Најостро ги осудуваме нападите на докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравствените установи што деновиве зачести и по Клиничката болница во Тетово, имаме нов немил настан во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, се вели во соопштението.

Вработените во здравствените установи, како што се наведува, извршуваат една од најхуманите професии, спасувајќи човечки животи и никако не смееме да дозволиме нивните животи да бидат изложени на опасност.

Од Синдикатот напоменуваат дека напад на вработен во здравствена установа е напад на службено лице, единствено овластено за вршење здравствена дејност. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство