Жбогар: Фокусот да биде ставен на изнаоѓање решение за законот за јавното обвинителство

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска упати апел до политичките партии да продолжат со напорите за да се најде консензус за законот за јавното обвинителство.

Во изјавата дадена во Вевчани, евроамбасадорот порачува дека фокусот мора да биде ставен на тоа да се најде решение и да се врати довербата кај граѓаните и оти во моментот тоа е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговори.

– Сега засега не е најдено решение. Не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа повторно да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Решението се уште не е постигнато, но треба да го постигнеме, да го најдеме тоа решение. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање, истакнува Жбогар.

Ако се реставрира таа доверба, вели Жбогар, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и ќе ја признаеме таа доверба.

Тој смета дека Јавното обвинителство може да ги преземе предметите од СЈО и оти има логика да се спојат СЈО и ОЈО.

– Мислам дека СЈО заврши една важна работа. Мислам дека во изминатите неколку години работеа на важни случаи, на давање отчет за сторени кривични дела. Веруваме дека оваа работа може да ја продолжи Јавното обвинителство така што мислиме дека има логика во тоа да се спојат СЈО со ОЈО. Колку што разбираме и двете страни се согласни со тоа, вели Жбогар, додавајќи дека заедничко е разочарувањето со развојот на настаните во државава.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска