Mобилниот оператор Willcom во Јапонија го претстави најмалиот телефон на светот наречен Phone Strap 2 WX06A што тежи 32 грама, а неговите димензии се 32x70x10.7 милиметри.
Телефонот има 1 инчен екран, подвижна антена и батерија од 400 mAh која е доволна за 2 часа разговор или 300 часа во мирување.
Мобилниот ги поддржува текстуалните пораки. Достапен е во три бои – бела, розова и црна, а понудата е ограничена на 12.000 примероци.