Пецас: Изборот на Схинас за потпретседател на ЕК е национален успех од огромно значење

Од:

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите го коментираше изборот на Маргаритис Схинас за потпретседател на Европската комисија, велејќи дека е важен национален успех, но значи и израз на доверба кон Грција.

-Оваа одлука претставува национален успех од огромно значење, бидејќи е глас на доверба кон нашата татковина. Покажува дека земјата се надградува на европската сцена и менува брзина во рамки на Унијата. Го означува закрепнување на довербата на нашите партнери кон Грција и практично препознавање на можностите на претставникот за важни портфолија. Бидејќи, како што истакна и премиерот, заштитата на границите, колективната безбедност и можностите за мобилизација во вработувањата, образованието и културата, што му се доделени на Мархаритис Схинас се централните предизвици, како за нашата татковина, така и за Европската унија, рече Пецас.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов