По мост и улица, Тодор Александров доби и бронзен споменик. Граѓани но и опозицијата во склуптурата кој во седум часот на утро беше поставена во општината Кисела Вода, на местото „чешма“ меѓу улиците „Првомајска“ и „Иван Козаров“, го препознаа еден од најконтроверзните ликови во македонската историја. Споменикот кој од општината го нарекуваат „непознат војвода на коњ“ денеска од рано изутрината се поставуваше на три и пол метарскиот постамент,
Граѓаните љубопитно застануваа да го видат новиот споменик, многумина од нив заинтересирани да видат дали во него ќе го препознаат посочениот Александров. За поголемиот дел, споменикот е одлично ументичко остварување, а за ликот и делото на Алкесандров неодлучни и збунети.
„Баш сега го гледам и си размислувам кој би можел да биде“ – вели еден граѓанин и додава дека ако се работи за Тодор Александров не му е тука местото.
Жителка на Кисела Вода се надева дека стручни лица кој сигурно обмислиле каде треба да стои споменикот.
Според друг повозрасен жител на населбата, тој припаѓал на генерација која учела да не знае која е правата личност на Тодор Александров. И затоа побара еднаш за секогаш институциите да ја кажат вистината за д ане бидат во заблуда. Инаку како споменик сосема велиу е задоволен.
Прилично е анатемизиран од комунистичкиот режим, а бил борец за слободна и независна Македнија во етнички граници – вели друг жител.
Опозицијата ја обвини Владата дека расипничкото трошење на народните пари добива друга многу сериозна димензија. Според СДСМ, власта продолжува да се обидува да ја редефинира македонската историја и тоа сега го прави и во општина Кисела Вода, со поставувањето на контроверзниот лик.
Тања Томиќ од СДСМ од партиската прес конференција обвини дека ВМРО свесно ги омаловажува хероите од антифашистичката борба а во исто време на пиедестал го става најголемиот противник на македонската кауза. „Со кое право, Марјан Ѓорчев без да ги праша граѓаните, ја поставува оваа контроверзна личност да биде симбол на Општината Кисела Вода. Тоа што е поставен тајно во 7 часот наутро нема да го намали револтот на жителите на Кисела Вода.“, изјави Томиќ .
Споменикот е леен во белградската леарница „Јеремиќ“, а за неговата изработка и хонорарот на авторот се потрошени се околу 345.000 евра. Обврска на Општина Кисела Вода била да го изгради постаментот и да го уреди околниот простор, за што од општинската каса се наплатени 73.000 евра.
Христена Антовска Јованчева