Бугарин обвинет за шпионажа за Русија

Од:

Бугарското обвинителство обвини водач на невладина организација заради шпионажа за Русија, а во обид да одврати внимание на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.

Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел во Рускиот институт за стратешки студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, и за руската невладина организација „Двоглав орел“ од 2010 година.

„Николај Малинов е обвинет дека се ставил на располагање на странски организации и шпионирал за нив“, изјави заменик-главниот обвинител Иван Гешев.

Малинов беше ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, потврди главниот обвинител Сотир Кацаров.

Обвинителството пронајде документ на руски јазик во кој се зборува за „неопходно геополитичко пренасочување на Бугарија“ подготвено од Малинов.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија