Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој почина на 96-годишна возраст, е прогласен за „национален херој“, објави шефот на државата Емерсон Мнангагва.
Тој го наследи Мугабе на чело на земјата, откако армијата излезе на улиците и по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.
– Зану-ПФ, партија на власт од 1980 година, се состана и му додели статус – заслужен национален херој, рече Емерсон Мнангагва во телевизиското обраќање.
Тој додаде дека земјата ќе биде во жалост се до погребот на Мугабе, чиј датум се уште не е објавен.
Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.