Диего Симеоне останува на тренерското место во Атлетико Мадрид до 2017 година со можност да го напушти клубот доколку добие повик од Интер. Ваква клаузула стои во новиот договор со кој Аргентинецот ја продолжи соработката со Атлетико.
– Ја продолжувам соработката со челните луѓе од клубот со кои имаме заеднички гледања за иднината и потезите кои треба да ги направиме за да бидеме уште подобри. Досегашното меѓусебно разбирање очигледно дава резултати па продолжуваме да функционираме заеднички, истакна Симоне по продолжување на договорот со Атлетико.
Според италијанските медиуми, Симеоне без обештетување ќе може да го напушти клубот од Мадрид само по две години и тоа доколку направи трансфер во Интер, клубот за кој Симеоне настапуваше во последните години од минатиот век. Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа на втората позиција во Примера Дивизија, зад лидерот Барселона.
Клубот под водство на Симеоне ја има освоено Лигата на Европа и Суперкупот, а сезнава ќе се бори за „Копа дел Реј“ во финалето против градскиот ривал Реал Мадрид.