Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токајев, за време на дискусија за политичките реформи со опозициски активисти го отфрли предлогот земјата да премине на парламентарен политички систем.
– Уверен сум дека Казахстан мора да остане претседателска република, но Парламентот ќе преземе достојна улога во политичкиот систем на Казахстан, рече тој.
Токајев годинава ја презеде власта во поранешната советска република богата со нафта, откако неговиот претходник Нурсултан Назарбаев поднесе оставка после речиси три децении на власт.