Во Шпанија разбиена бугарска група криминалци

Од:

Шпанската полиција разби банда од 12 Бугари кои краделе луксузни автомобили претставувајќи се како полицајци. Групата Бугари краделе автомобили и потоа ги продавале на шверцери на дрога, а подоцна и нив ги ограбувале.

Операцијата била извршена во Малага, Аликанте. Валенсија и Мадрид.

Дел од крадените автомобили ги носеле во Бугарија, а во други инсталирале GPS системи и микрофони и ги продавале на шпански шверцери со дрога. Преку тие направи, следеле нивни движења и ги запирале кога во нив се пренесувала дрога претставувајќи се како полицајци.

Од приведените – 9 мажи и три жени, се конфискувани 800 кг. хашиш, 300 кг. кокаин, 31 автомобили, оружје, електронски направи за автокражби и пари.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија