СДСМ се сомнева дека споменикот наречен „непознат војвода на коњ“ поставен во општина Кисела Вода е всушност Тодор Александров.
„Власта продолжува да се обидува да ја редефинира македонската историја и тоа сега го прави и во нашата општина Кисела Вода.
Свесно ги омаловажува хероите од антифашистичката борба а во исто време на пиедестал го става најголемиот противник на македонската кауза.
Градоначалникот Марјан Ѓорчев заедно со Владата за овој споменик потроши преку 350 илјади евра.
„Со кое право, Марјан Ѓорчев без да ги праша граѓаните, ја поставува оваа контроверзна личност да биде симбол на Општината Кисела Вода. Тоа што е поставен тајно во 7 часот наутро нема да го намали револтот на жителите на Кисела Вода.“, изјави Тања Томиќ од СДСМ.