Меси: Ќе сториме се за победа

Од:

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси изрази верување дека неговиот тим може да се врати против Милан и да ги стопи оние 2:0 од првиот натпревар во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Возвратниот натпревар ќе се игра во каталонската престолнина следната седмица, а аргентинецот смета дека тој и неговите соиграчи можат да пронајдат рецепт за исфрлување на „росонерите“.

„Можеме да успееме, ќе биде комплицирано, но ќе дојдеме до шанса. Ќе сториме се, само да ги победиме како што направија и тие. Италијанците се добро организирани и не оставаат простор во одбраната. Се надевам дека во вторник први ќе постигнеме погодок“ – изјави Меси.

Потоа аргентинецот се осврнал и на останатите конкуренти кои се во игра за освојување на Лигата на шампионите.

„Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се практично сигурни полуфиналисти. Одлично ја извршуваат својата работа и имаат заслужен успех. Реал Мадрид докажува колку е силен и дека е кандидат за освојување“ – додава Aргентинецот.

Барселона на последните четири натпревари, три пати беше поразена, а Меси на овие натпревари не беше на потребното ниво.

„И порано сме имале лоши резултати. Имам искусено многу порази, но се надевам дека ќе уживам во уште многу успеси, како што беше случај минатите години. Не сум тажен, погоден сум, не сакам да губам, но сега е вистинско време да се вратиме на победите“ – завршил Меси.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска