Клоп за одбраната на титулата во ЛШ: Не сум сигурен, има многу тимови со шанса за трофејот

Од:

Јирген Клоп очекува тешка борба на Ливерпул во обидот тимот даја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Германецот ќе г дознае денес во 18 часот по македонско време неговите ривали во групната фаза, но какви и да се, тој е сигурен дека ќе биде исклучително тешко и шансите се рамномерни.

– Посакувам да успееме повторно да се пласираме во финалето, но не сум сигурен дали тоа е можно и ова сезона. Имаме еднаква шанса со сите останати, но за мене е тешко да го видам тоа. Англиските екипи може повторно да доминираат, но има и многу други клубови со шанса за трофеј, изјави Германецот, кој го освои финалето во Мадрид против Тотенхем во мај.

Ливерпул се наоѓа во првиот шешир со Челзи, Барселона, Манчестер Сити, Јувентус, Баерн Минхен, Париз Сен Жермен и Зенит Сент-Петербург. Во вториот се екипи како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, поранешната екипа на стртаегот Борусија Дортмунд и други.

– Мислам дека досега немало посилен втор шешир. Ова е целосно лудило. Овие тимови се за првиот. Луѓето мислат за создавање Супер лига, но таа е пред наши очи. Тоа е.А пак од четвртиот може да ни се падне РБ Лајпциг. Погледнете го составот на Борусија Дортмунд и искрено кажете ми дека сме посилни од нив. Едноставно е неверојатно. Има многу екипи со квалитет и длабочина. Јувентус е таму, Пари Сен Жермен е таму, а дали мислите и дека Реал Мадрид се откажал? Баерн, од друга страна, ги привлече Иван Перишиќ и Филипе Кутињо, што е голем удар, заврши Клоп.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска