• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Виктор Јованов
Македонија

Фетаи: Никој го нема видено решението за притворот на Јанева, судот да го прибави па потоа да се одлучува за одложување

by Виктор Јованов29/08/2019 - 11:1329/08/2019 - 11:561260
Share0

По барањето на одбраната за одложување на предметот „Шамарите во Центар“ од причина што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа во притвор, обвинителката Фатиме Фетаи упати предлог до судот да го прибави решението за притворот на Јанева па потоа да се одлучи што понатаму односно дали предметот ќе продолжи со судската постапка.

Добивај вести на вибер

– Точно е дека по 3 точки е определен притвор за Катица Јанева. Сметам дека е потребно прво да се прибави решението на Кривичниот суд со кој е определена мерка притвор за Катица Јанева, да се види кој е опфатот на таа мерка односно што точно се штити па да се види дали има пречка за натамошно постапување, рече Фетаи.

Обвинителката напомена дека за мислење за понатамошното дејствување, СЈО се има обратено и до Советот на јавни обвинители.

Адвокатот на обвинетите во случајот „Шамарите во Центар“, Димитар Дангов во своето излагање по настанатата правна ситуација рече дека од причина што специјалната јавна обвинителка се наоѓа во притвор поради можноста за влијание врз сведоци потребно е постапката за овој, но и за останатите предмети кои ги води СЈО да бидат запрени.

Тој исто така истакна дека обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски како застапници на Катица Јанева не можат повеќе да го водат предметот од истата причина што и Јанева повеќе не е правен застапник на обвинението.

– Оваа правна ситуација преставува пречка за продолжување на овој предмет но и за сите предмети кои ги застапува СЈО. Предлагам судот да донесе решение со кое ќе ја одложи главната расправа. Додека пречките постојат расправата не може да се води бидејќи во овој предмет не постои овластен тужител, рече Дангов.

Судијата ја одложи главната расправа за 10. септември, со образложение дека треба да се почека мислењето на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

nasilstvo vo centarsjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска29/04/2022 - 12:2429/04/2022 - 12:52

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Катерина Ѓуровски29/11/2021 - 13:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен