(ВИДЕО) Милошоски: Ќе доставиме амандмани на законот за обвинителство

Од:

Има волја кај двете страни да продолжи дијалогот за законот за обвинителство за да ги приближиме ставовите и да ги доставиме во заеднички предлог текст или преку амандман на текстот на Законот, кој е усогласен сега меѓу СДСМ и ДУИ, изјави пратеникот Антонијо Милошоски, по завршувањето на средбата со министерката за правда, за законот кој треба да ја реши судбината на СЈО.

Тој го повтори ставот дека нивните предлози се во согласност со меѓународните стандарди и дека тие остануваат на позицијата дека не може мандатот на истражителите и обвинителите во СЈО, да биде подолг од тој на Катица Јанева. Според Милошоски поразлично од поранешните состаноци, е тоа што владиниот тим сега е свесен за штетата направена во СЈО и заедничка констатација е, како што тврди тој, е дека нема потреба да се дискутира за автоматско префрлање во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Според Милошоски не било спорно дека предметите на СЈО треба да имаат судска разрешница бидејќи не зависат од личностите кои ги водат. За ВМРО-ДПМНЕ останува сомнежот дека Јанева имала соработници во СЈО кои можеби се вмешани во „Рекет“, но тоа треба да го потврди истрагата на обвинителството.

„Потребна е темелна истрага, затоа сметаме дека не би можело секој од СЈО да биде во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Наш впечаток е дека Вилма Русковска е важна за СДСМ“, рече Милошоски.

Утре во собраниска процедура влегува законот за обвинителство, а в четврток се очекува комисиска расправа на која Милошоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува со амандмани.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска