Четири шумски пожари во Грција

Од:

На четири различни локации во Грција односно на островите Лерос и Крф, во централниот и западниот дел на Пелопонез попладнево избија пожари во чие гаснење интервенираат над 100 пожарникари, авиони и хеликоптери.

Иако ниту еден од пожарите не претставува директна закана за населени места, сепак на островот Крф беа превентивно евакуирани две села.

Во гаснењето на пожарот на Крф учествуваат 34 пожарникари со 13 возила, пет авиони и еден хеликоптер, а според грчката новинска агенција АНА-МПА не постои опасност за ширење на пожарот.

На островот Лерос, со хеликоптер Супер пума биле донесени осум пожарникари од соседниот остров Самос, а во гаснењето на пожарот учествува и воената морнарица, три цистерни од општината, а помага и локалното население. Според локалните медиуми од островот, пожарот е делумно ставен под контрола.

Во централниот дел на Пелопонез во близина на градот Мегалуполи, дополнително беа засилени противпожарните сили за гаснење на шумскиот пожар. Интервенираат 50 пожарникари со 18 возила, два хеликоптери и два авиони.

Пожар, но од помали размери изби и во западниот дел на Пелопонез, каде што противпожарната служба со 22 пожарникари, 10 возила и два хеликоптери се обидува да се справи со огнените јазици.

Би можело да ве интересира

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани