Албанскиот брод „Орику“ спаси 36 илегални мигранти во Егејско Море

Од:

Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, при патролирање во водите на Егејско Море, спаси 36 илегални мигранти кои се наоѓале во моторен чамец.

Веста на Фејсбук ја објави министерката за одбрана Олта Џачка.

– Спасени се 36 државјани на Авганистан, од нив 19 деца, осум жени и девет мажи. Во соработка со Фронтекс предадени се на локалните власти. Горда на нашата морнарица, напиша Џачка.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година и е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското Море.

Во рамки на оваа хумана мисија, чија цел е спасување мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“, чии екипажи во повеќе акции имаат спасено околу 300 имигранти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски