Свикана седницата за самораспуштање на косовското Собрание

Од:

Косовското Собрание денеска и официјално ја свика за утре седницата на чиј дневен ред е гласањето за распуштање на Законодавниот дом, со што се отвора патот за предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат есевна, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пред гласањето за самораспуштање на шестиот парламентарен состав на Косово, како прва точка на дневниот ред за утрешната седница, закажана во 10 часот, е ратификацијата на финансискиот договор меѓу Косово и Европската унија за користење на средства од ИПА фондовите.

По оставката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија на 22 август, утре, Собранието да се самораспушти, по што претседателот на државата, Хашим Тачи ќе треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.

Според најавите на партиските лидери, датум за одржување на изборите, за кој кај политичките субјекти постои консензус, е 6 октомври, но не е исклучено тие да се одржат и една недела порано, односно на 29 септември. Законскиот рок за одржување избори е 30 до 45 дена од денот на распуштање на Собранието.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски