ВИДЕО: Обвинител од СЈО ќе ја замени уапсената Катица Јанева

Од:

Новиот раководител на специјалното јавно обвинителство ќе се избира од десетте обвинители избрани да ѝ помагаат на Катица Јанева. Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Љубомир Лапе и Стевчо Донев, кои во 2015 година Советот на јавните обвинители ги изгласа да бидат дел од специјалното јавно обвинителство.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по приведувањето на Катица Јанева, објасни дека повторно изборот треба да го направи Советот на јавните обвинители.

„Специјалното јавно обвинителство во согласност со законот по кој е основано уште има мандат. Доколку јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство е спречен да ја извршува функцијата, тогаш Советот на јавните обвинители ќе треба да го констатира тоа и веднаш да определи од редот на јавните обвинители од ова обвинителство в.д. обвинител што ќе раководи со ова обвинителство. За тоа има законски основи бидејќи во Законот за специјалното обвинителство во завршните одредби има одредба што пропишува дека доколку одредени случаи не се поинаку регулирани, се постапува по Законот за јавното обвинителство. Во Законот за јавното обвинителство постои одредба со која Советот е надлежен да определува вршител на должноста. Според тоа, мене ми се чини дека доколку специјалниот јавен обвинител не може да ја извршува оваа функција, Советот веднаш треба да постави јавен обвинител од редот на јавните обвинители во ова обвинителство“, рече обвинителот Јовески.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Горан Наумовски

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он