Се урна хеликоптер во Грција

Од:

Приватен хеликоптер, во кој освен пилотот се превезувале уште две лица, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, истакна дека според првичните информации, во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани. Хеликоптерот тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, а крајната дестинација бил атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Лагадианос наведе дека во акцијата на грчката крајбрежна служба на местото каде што се урна хеликоптерот, пронајдени се остатоци, но не и кабината.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас. По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески