А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни мерки за третирање на проблемот со африканската чума

by А1он20/08/2019 - 15:35392
Share0

Анѓушев и Димковски во стилот на СДСМ, не нудат решенија, туку го пролонгираат проблемот. Половичните решенија кои ги нуди власта се опасност од разгорување на проблемот и огромни штети за Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение како реакција на изјавата на Кочо Анѓушев.

Добивај вести на вибер

„Вирусот на африканска чума е многу отпорен и високо патоген. Пристапот при неговото третирање треба да биде сериозен и систематски.

ВМРО-ДПМНЕ свесни за слабиот капацитет на власта, а во насока на доброто на Република Македонија, ги предлага следните мерки:

– Отстрел на диви свињи согласно годишните планови за отстрел на дива свиња за секое ловиште, а секоја отстрелана дива свиња над планираното, да биде покриена од страна на државата по претходно утврдена пазарна вредност.

– Строга контрола на граничните премини при внес на животински продукти во багажникот на патниците, но и засилена контрола на целата гранична линија на Република Македонија со Република Србија и Република Бугарија.

– Постојан мониторинг за присуство на вирусот во легалниот промет на репроматеријали, како и земање мостри од добиточната храна во промет.

– Формирање на санитарни прстени околу поголемите свињарски фарми во земјата.

– Времен прекин на промет со свињи на сточните пазари.

Ова се само дел од мерките кои треба да бидат преземени. Да превенираме, за подоцна како држава да не се соочиме со штети од несогледливи последици.

Доколку власта е нестручна тука сме да помогнеме.“, се наведува во реакцијата на партијата.

afrikanska cumadpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 18:4016/08/2025 - 18:40

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 12:2616/08/2025 - 12:54

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Катерина Ѓуровски13/08/2025 - 11:56

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски06/08/2025 - 13:0206/08/2025 - 13:02

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски30/07/2025 - 14:1630/07/2025 - 14:19

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски30/07/2025 - 13:3630/07/2025 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен