Штипската винарија „Имако“ викендов почнува со откуп на грозје

Од:

Штипската винарија „Имако“ со откупот на грозје стартува од сабота. Директорот на производството во „Имако“, Атанас Рунчев вели дека откупот го почнуваат со шардоне, а годинава ќе откупат околу 10 милиони килограми грозје.

Откупот се одвива во еднаков сооднос меѓу бело и црвено грзје. Првите количества пристигнуваат од Тиквешијата, а потоа следи бербата и откупот од штипскиот регион. Рунчев очекува квалитетот да биде добар, а приносите просечни.

– Нашите агрономи се на терен, сега за сега проценките се добри, малку сушата ни претставува проблем, но се надевам оние што имаат наводнување дека квалитетот ќе успеат да го задржат, вели Рунчев.

Тој додава дека во винаријата 70 отсто од грозјето е од нивните плантажи и кооперантни од штипскиот регион, додека останатите 30 отсто се обезбедуваат преку откупните пунктови во винарските региони.

Рунчев истакна дека лозарството пополека се враќа во штипскиот регион, како винарија веќе планираат нови насади на над 100 хекатри. На новите плантажи ќе се насадат и стари, но и нови сорти на грозје. Во штипскиот регион под лозови насади има околу 500 хектари, а грозјето го откупуваат три винарии. Годинава се очекува да откупат околу 25 милиони килограми грозје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Парична казна за гостиварчанка која со измама добила земјоделски субвенции

А1он

ВИДЕО: Дворот на Водно бил откупен пред десет години, Богдановиќ советува сомнежите за незаконска приватизација да се расчистат во Финансии

Маја Илиевска-Пачемска

Трипуновски : Владата да најде пласман за зелката

А1он

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети