Трипуновски: Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста, дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?

Од:

Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста, реагира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?

Да го потсетам Филипче дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во времето на СДС и неговата влада.

Ако Филипче не знае, лозарите многу добро ги паметат и откупните цени на грозје во време на СДС. Токму во време на СДС се истураше грозје пред винариите.

Главното прашање е зошто иако Филипче имаа 7 години власт не донесоа повисока заштитна цена за лозарите? Како се сети на нив по само една година опозиција тазе вратен од крстарење по Егејското море?

Но она што го направивме за земјоделците е многу повеќе од сите години владеење на Венко Филипче.

Ние за овој краток период исплативме над 11 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците. Исплатата на субвенциите веќе тече тековно, а тоа беше мисловна именка во времето на СДС.

Објавивме јавен повик за инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

Подготвуваме закон за жестоки пијалоци.

Утврдивме највисока откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.

За потсетување една од првите подзаконски акти која што беше донесена е Методологијата и истата беше објавена во сл. Весник бр. 146/2024 од 12.07.2024.

Ги оспособивме и системите за наводнување кои што поради негрижата на СДС беа нефункционални.

Земјоделството е приоритет на Владата. Земјоделците сега имаат вистински партнер.

Двете лица на Филипче. Кога ветува како опозиција и кога трупа богатство како власт, за потоа да ужива на јахти како опозиција додека ветува сè и сешто. Ова е истата приказна – лажна, лицемерна, која ви ветуваше живот, чиј дел беше Филипче со неговиот ментор, а донесе пустош, криминал и предавства. Народот нема да наседне вторпат на истите актери со истата измама.

СДС очигледно не се менува. Останува заглавен во минатото, надевајќи се дека народот има кратко помнење и ќе им ги заборави злоделата.

Филипче, Македонија памети и нема да ви заборави, напиша Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

Предраг Петровиќ

Финансиските цели ти кажуваат која криптовалута да ја купиш – но дали знаеш кои се тие?

Предраг Петровиќ

Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Горан Наумовски

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ

Левица: ​​​​​​​Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени

Предраг Петровиќ

Најнови вести: Рударите на биткоини од Северна Македонија се собираат во облакот EiCrypto за да заработат 3.000 долари во блок награди дневно.

Предраг Петровиќ