Германија првпат прифати деца на терористи од Сирија

Од:

Четири деца чии германски родители се бореле на страната на терористичката група Исламска Држава во Сирија, помеѓу кои и болно бебе, денеска им се предадени на Германија, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Децата биле сместени во кампови во Сирија со уште 70.000 жени и деца, од кои поголемиот број странци, а сите пристигнале од територија која ја контролира ИД.

Две од четирите деца што ги прифати Германија се сирачиња. Тие се предадени на границата на Сирија со Ирак во присуство на претставник на германското Министерство за надворешни работи.

– Поголемиот број од нив се многу мали деца, а нивното сместување е далеку од добро. Тие не се одговори за тоа што го правеле нивните родители, посочи Мас.

Германија е последната европска држава кој спроведува репатрација на деца чии родители биле припадници на ИД. Берлин има преземено деца од припадници на ИД осудени во Ирак, но првпат презема деца од Сирија.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија