Лига на шампиони: Реванш осминафинале Манчестер – Реал

Од:

Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид вечерва ќе завршат со настапите во Лигата на шампионите. Нивниот дуел кој на „Олд Трафорд“ ќе започне во 20 часот и 45 минути ќе го даде одговорот кој од овие два европски фудбалски великани ќе обезбеди четвртфинале.

На првиот натпревар во Мадрид беше 1:1, па домаќинот поради гол постигнат на гости влегува во реваншот со мала предност, но Реал на тој дуел беше подобар и создаде повеќе шанси за гол.

Двете екипи во домашните првенства викендот забележаа победа, Реал над Барселона, Манчестер против Норвич, во средби во кои неколкумина фудбалери добија поштеди од тренерите за поподготвени и поодморени да влезат во вечерашниот спектакл.

Во составот на Манчестер ќе отсуствува Фил Џонс кој се повреди на натпреварот против Рединг во ФА Купот, но затоа најавено е враќање во екипата на Рио Фердинанд кој беше болен.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо нема поголеми проблеми околу составувањето на тимот, а во него го вклучи и Икер Касиљас, но сепак голманот на шпанската репрезентација сеуште не е подготвен за настап, тако што Диего Лопез ќе продолжи да брани на голот на кралевите.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска