Козаку: Демократијата бара добро информирани и медиумски писмени граѓани

Од:

Лажните вести денес се оценуваат за глобален предизвик на современите демократски општества, а медиумската писменост за темел во справувањето со овој феномен кој подразбура поседување вештини потребни за да се оценат вестите, да се разобличи пропагандата, да се препознае рекламирањето или соодветно да се реагира на содржините со говор на омраза.

Мариа Козаку, новинар во радиосервисот на грчката државна ЕРТ и главен уредник во Институтот за медиумска писменост (МЛИ) во разговор за МИА говори за грчките искуства во справување со лажните вести. За неа, вели медиумската писменост е всушност медиумска едукација за новинарите и граѓаните и претставува најмоќната алатка во борбата против дезинформациите и лажните вести.

Таа посочува дека во 2017 година во Грција со закон е формиран Институтот за медиумска писменост (МЛИ) како непрофитна организација. Негова цел е да промовира и да дисеминира концепт на медиумска и информациска писменост во Грција, Европа и пошироко.

– Медиумската и информациска писменост има за цел критичка перцепција, користење и креирање знаење и информции на кој било традиционален или модерен комуникациски медиум и бара усвојување когнитивни, функционални, технички и комуникациски вештини како и капацитет за користење модерни средства на комуникција. МЛИ ја поддржува идејата дека демократијата бара добро информирани граѓани и дека медиумската и информативна писменост е меѓу најважните начини за борба против пристрасното известување и говорот на омраза во онлајн просторот, за промоција на фундаменталните права на граѓаните да бидат свесни кога се во интеракција со медиумите, да научат како да ги вкрстуваат изворите, да развијат вештини на истражување кога истражуваат извори, креатори и цели на одредени содржини така што читателите да можат да разликуваат веродостојни информации од лажни вести, индивидуални мислења, предрасуди или пропаганда, вели Козаку.

Во МЛИ се ангажирани професионални новинари и истржувачи на полето на комуникациите. Имаат за цел да партиципираат во политичкото, социјалното и културното напредување на нивната земја, како и на соседите, користејќи ги алатките во контекст на професијата.

– Сметаме дека информациите, комукацијата генерално и особено мас-медиумите се критични двигатели за поддршка на основните принципи на демократските процедури и ние се залагаме за правото на универзален пристап до сигурни информации, нагласува Козаку.

Работилницата на која учествувавме во Солун, посочува таа, потврди без каков било сомнеж дека Северна Македонија и Грција имаат итна потреба од долгорочна соработка на повеќе нивоа, со цел да се справат со бројни инциденти на лажни вести, како и на лажни истории што го стигматизираат прекуграничното медиумско покривање на двете земји.

– Новинарите можат да ја зајакнат довербата меѓу двата народа преку хуманизирање на медиумското покривање и со обелоденување на сите видови дезинформации за билатералните прашања, подвлекува Козаку.

Марија Козаку беше дел од Семинарот кој што на крајот од јуни во Солун го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и во Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи. Фокусот на дводнeвната работилница со учество на 35 новинари од Северна Македонија и од Грција беа предизвиците од ширење дезинформации и соработката за справување со нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: МЕПСО давал пари за граѓански здруженија, боречки клуб и Центар за модерни и спортски танц

ВИДЕО: Кукла Робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Казни ако ширите лаги дури и да не сте знаеле – како да се заштитите?

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Споделувате ли се и сешто на интернет, помагате во ширење лаги – како да се заштитите

(ВИДЕО) Видео од позната игрa место од Украина, ТВ објавија, експерти коментираа – лаги на кои наседнаа сите

(ВИДЕО) Казни ако споделувате лаги на социјални мрежи – затвор, пари, што вели македонскиот закон

Анита Петровска Рајковиќ