Центарфорот на Севиља Алваро Негредо постигна хет-трик на синоќа одиграниот натпревар од 26.коло на Примера. Севиља на домашен терен ја совлада екипата на Селта Виго со 4:1.
Негредо головите ги постигна во 12.та, 29.та и 69.та минута, а стрелец на гол уште беше и Гари Медел (66.минута).
Единствениот го за гостинскиот тим го постигна Аугустино Фернандез, кој успеа во 40.минута само да намали на 2:1.
Севиља по оваа победа изби на 10.место на табелата со 35 бодови, додека Селта е на 18.то место со 23 бодови.
На чело на табелата во Примера е Барселона со 68 бодови, Атлетико Мадрид има 57, а Реал Мадрид има 55.